Еден од нашите национални театри - Драмскиот театар од Скопје, во ноември ќе гостува во Бугарија и во Србија.

hamlet-genocide

Претставата "geNОcide 21" на Љубиша Георгиевски, во режија на Владлен Александров, ќе учествува на МТФ „Есенски театарски средби“ во Бугарија.

Главните улоги ги толкуваат Јелена Жугиќ и Рубенс Муратовски, кои својата актерска игра за оваа претстава ја закитија со многуте награди за најдобро актерско остварување на фестивалите „Војдан Чернодрински“ во Прилеп и „ИФАД Стоби 2011“.  На трети ноември, претставата ќе се одигра во Софија, а на четврти ноември во Пазарџик.

Покрај „Геноцид 21“, и македонскиот „Хамлет“ ќе блесне на регионалните сцени. На шести ноември претставата ќе гостува во Ниш на театарскиот фестивал „Глум Бал“. Трочасовната „Хамлет“ моментално е најпопуларната претстава во Драмски за која картите се купуваат две недели однапред, а изведбите ги следи полна сала публика. Режисерот Дејан Пројковски заедно со екипата на „Хамлет“ досега гостуваа во Плодвив и Софија - Бугарија, Белград и Колчестер - Англија. Составот на „Хамлет“, предводен од Дејан Лилиќ го сочинуваат и: Бранко Ѓорчев, Катерина Коцевска, Драган Спасов, Викторија Степановска, Лазе Манасков, Игор Стојчевски, Филип Трајковиќ, Игор Ангелов, Александар Ѓорѓиески, Никола Ацески, Игор Георгиев и Слободан Трендов. 

Регионалните гостувања не се единствените месецов за Драмски. Римејкот „Грев или шприцер“ во режија на Деан Дамјановски на први ноември ќе гостува во Гевгелија, а на 19 ноември во Охрид. 

Е.П | бркај работа


Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

banerIscelitelMilenium