Отворената Сцена Театар „Чекори“ – Скопје, на 1-ви ноември (Вторник) од 20:00 часот, во домот на култура „Димитар Влахов“ – Автокоманда, премиерно ќе ја изведе претставата „Нова сезона“, по текст на Вељко Радовиќ.

nova_sezona

Претставата е комедија. Се работи за семејството Машоски - провинцијалци кои се доселуваат во големиот град. Интересен сплет на семејни интриги зачинет со многу хумор и смеа до солзи. 

Режијата на претставата ја потпишува Жаклина Ангелеска - Костадиновски, а на сцената ќе се појават: Дарко Набаков, Мирјана Трпковска, Емилија Славковска, Мирослав Блажески, Тамара Рогозинова, Петко Костовски и Зорица Стојменовска.

nova-sezona

Оние кои што нема да можат да дојдат на премиера или да обезбедат покани, ќе може да ја гледаат репризата на 5-ти ноември (сабота) со почеток во 20 часот.

Покани за премиерата може да обезбедите во театарот, кај учесниците во претставата или да резервирате на еден од телефонските броеви:
070-428-581 и 071-723-631.

Е.П | бркај работа

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

banerIscelitelMilenium