Северина конечно се породи. Откако балканските медиуми досега веќе неколку пати ја породија, нејзиниот менаџер Томислав Петровиќ објави дека Северина се породила вчера во 23:04 и дека родила момче тешко 3200 грама и долго 52 сантиметри.Породувањето поминало без потешкотии, но иако Северина инсистирала да се породи природно, морало да се направи царски рез. Тато Милан не можел да биде присутен на самиот чин, но затоа нестрпливо чекал пред болницата со менаџерот.
Ние им честитаме на среќните родители и посакуаме малиот Иван Александар да биде жив и здрав и да порасне голем.
