Адел на вчерашното доделување на британските музички награди направи вистински спектакл и скандал којшто го обележа комплетниот настан. Таа го крена средниот прст во воздух откако нејзиниот говор беше прекинат.Адел доби две награди, за британски соло изведувач беше првата, а кога ја доби наградата за најдобар албум, на сцената тргна да одржи говор, но беше прекината од водителот. Таа видно се налути и го крена средниот прст во воздух додека камерите ја снимаа, а преносот одеше во живо насекаде низ светот.
„Го покажав средниот прст. Тоа беше за главните на Брит наградите, не за моите фанови. Жал ми е ако навредив некого, но одговорните ме навредија мене“ - изјави подоцна Адел за новинарите.
А само неколку моменти пред скандалозниот потег, таа изјави дека ништо не ја прави посреќна од тоа да дојде од Греми наградите каде што собра седум статуетки, во Англија и да ја освои наградата за најдобар албум. Но, по случката, по малку иронично им се заблагодари на Британците за прекрасната поддршка којашто и ја даваат, алудирајќи секако дека Америка далеку повеќе ја цени и почитува од нејзината домашна публика.
Бргу по церемонијата одговорните на Британските награди исто така се извинија за непријатноста и укажаа на тоа дека исклучително многу ја ценат Адел, но грешката веќе била направена.
Ние велиме, Адел драга, требаше да го спуштиш микрофонот и да им го покажеш средниот прст и на другата рака, бидејќи ако Адел не заслужува подолг термин за говор, тогаш кој заслужува?
В.Н. | бркајработа
