justin-milenice

На Џастин Бибер му здосади да пее слатки песни и да биде омилен лик на тинејџерските постери и сака конечно да почнат да го сфаќаат сериозно.

 

Како што пренесува Today Entertainment, Бибер и неговата мајка Пети Малет гостувале во шоуто “Today” во кој миленикот на девојчињата ја претстави својата книга “Justin Bieber: Just Getting Started” со која сака да означи нова ера во својата кариера.

„Не сакам да бидам уште еден тинејџерски срцекршач. Тоа ме иритира. Самата помисла дека луѓето тоа го мислат за мене... Сакам да им докажам дека воопшто не се во право.“, изјави осумнаесетгодишниот Џастин.

Исто така тој изјави и дека е среќен што публиката позитивно реагира на неговиот нов албум “Believe”, со помалку сериозен звук: „Навистина сум среќен поради тие реакции затоа што сега имам чувство дека ме осудуваат врз основа на мојата музика, а не фризура.“

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

skopskaLinijabanerMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа