Vip

Победникот на регионалното мучико шоу Икс Фактор, Даниел Кајмакоски ќе патува со Кики Лесиндриќ во САД а во план е и снимање на првиот сингл, кој ќе го направи неговиот ментор Жељко Јоксимовиќ.

daniel.kajmakoski07

За српски Курир, Даниел открива дека бил исфрлен од музичко училиште бидејќи професорот велел дека нема талент.

- Се запишав во Музичка гимназија, која морав да ја напуштам после година време. Мојот професор сметаше дека немам доволно слух за музика. Ги посоветува моите родители да ме запишат во друго училиште. После извесно време ми се извини и ме повика на вечера - вели Даниел.

На прашањето дали сака да ја претставува Македонија на Евровизија, Даниел одговори:

- Тоа го сакав од мал. Откако почнав да гледам „Евровизија“, сакав да бидам дел од неа, да ја претставувам својата земја. Со тек на време таа желба се изгуби бидејќи немав повеќе исто мислење за фестивалот. Тоа е голема манифестација и јас бев горд да ја претставувам Македонија ако таа тоа го сака од мене.

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа

banerMasaMedo

AcaLukasIRadmila