Оние кои ги гледале постарите филмови сигурно се сеќаваат на сексипилниот љубител на жените Лоренцо Ламас (57).  

Првите значајни улоги   актерот ги добил кон крајот на 70-те, кога се појавил во филмот Брилијантин а врвот на славата го достигнал во 80-те и 90-те години на минатиот век.

Во емисијата на Опра Винфри, Лоренцо открил за што жали најмногу во животот.

- Најмногу жалам што не го ценев мојот успех кога бев млад. Мислев дека мојата актерска кариера ќе трае вечно и не мислев дека ќе заврши кога ќе имам 41 или 42 години.

- Постојано работев од своите рани 20 години. Секогаш добивав улоги во серии и филмови, постојано ме вработуваа. Жал ми е што ја научив таа тешка лекција дури на 40 години.

- Жалам што не се подготвив за крајот на својата кариера и не штедев. Трошев пари на вили и авиони, на нешта што не ми беа важни - вели Ламас.

zj 300x250-min

mileniumbanner21

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа