На тенисерката Марија Шарапова (28) очигледно и се допаднала Црна Гора каде по препорака на пријателот Новак Ѓоковиќ,  одлучила слободното време да го помине на крстосување со луксузната јахта која е видена кај Котор.

Иако многумина очекувале дека на Јадранското море ќе ги лекува љубовните маки поради раскинувањето со бугарскиот тенисер Григор Димитров, Марија е добро расположена.

- Воопшто не покажува дека е депресивна, расположена е и духовита. Неколку пати ја видовме. Најмногу време помина на палубата за да ги избегне папараците. Не би не изненадило дека дошла во Црна Гора за да најде момче. Веројатно некој и се допаднал кога беше тука неодамна, па поради него се вратила - рекол извор за српски „Блиц“.

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

anaNikolic

misoKovac

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа