Српскиот пејач Аца Лукас тешко го поднесува разводот од сопругата Соња, а уште потешко ми е кога преку ден се слуша со нивната четириргодишна ќеркичка Викторија која постојано прашува кога ќе си дојде дома.

 

- Во мене живее тага, се е празно, а и како може да се чувствува некој кому му се случуваат вакви работи. Што се однесува на смирувањето, тоа никогаш не се знае, иако е тешко кога луѓето ќе се одлучат на таков чекор. Тоа се круцијални одлуки.

- Јас сум тип кој ги менува одлуките и најмногу би сакал сето ова да се избрише и да се врати на она како што беше порано. Најмалку го посакував ова, да го изгубам семејството... Тоа е така и тука нема што да се каже. Бев среќен и уживав со нив, јас и понатаму ги сакам. Ако постои било каква шанса и ако се случи да најдеме заеднички јазик, воопшто нема да ми биде срам да бидам повторно со нив. Моето семејство е смислата на мојот живот, а сега ја изгубив смислата - со тажен глас Лукас ја започна приказната.

Иако не сакал да открие дали и понатаму е во контакт со Соња, Аца признава дека не поминува ниту еден ден, а да не се слушне со нивната ќерка.

- Со Викторија се слушам секој ден. Она во што сум сигурен кога е во прашање Соња, е дека и таа е во иста состојба како и јас кога станува збор за Викторија. Тоа значи дека сме очајни. Секој ден ме прашува: “Тато, уште колку пати ќе спијам, за да дојдеш пак“ - вели пејачот.

Како главната причина за разводот се наведува работата на пејачот. Често патувал и одел на концерти, па затоа бракот трпел многу.

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

anaNikolic

misoKovac

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа