25-годишната актерка Дакота Џонсон ќе ја разубавува насловната страна на есенското издание на модниот магазин "AnOther", а покрај тоа што позирала топлес, Дакота со читателите споделила и неколку детали од приватниот живот.

Дакота признала дека и покрај значајното актерско искуство, сè уште "умира" од трема на секоја аудиција.

- Паничам толку многу што не знам ни што правам или зборувам. Тогаш доживувам вистински напад на паника, кој ми се случува секогаш кога сум на аудиција. Мислам во минатото самата се уништив со стравот, но сега научив да се соочувам со работите кои најмногу ме плашат - вели Дакота.

Актерката моментално го промовира својот нов филм "Black Mass", во кој има чест да глуми покрај Џони Деп. Сепак, таа од мала била окружена со филмски ѕвезди, бидејќи во нејзините вени тече холивудска крв - нејзиниот татко е Дон Џонсон, а нејзина мајка е Мелани Грифит.










Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

cuvariNaGalaksijata

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа