Половина година пред нејзиното самоубиство Мерилин Монро четири дена била под надзор во психијатриска болница, од каде ја извлекол бившиот сопруг Џое Димаџио, познатиот безбол играч.

Мерилин во 1961 година во пустините на Невада го снимила својот последен филм „Мисфитс“. Сценариото го напишал нејзиниот тогашен сопруг Артур Милер, кој бил 11. години постар од неа.

Филмот го следела зла судбина. Режисерот Џон Хјустон постојано на сетот доаѓал пијан, нејзиниот филмски партнер Кларк Гебл починал веднаш по завршувањето на филмот, а сопствениот сопруг пред нејзините очи се вљубил во друга жена, фотографката Инге Морат.

Желна за љубов и склона кон депресија, Мерилин се оддала на опијатите. Во њујоршката болница „Пејни Витни“ ја сместила нејзината психијатар. Оттаму Мерилин му пишувала писма на психијатарот Ралф Гринсон, кои сега излегоа во јавноста.

- Затворена сум во бетонска соба без прозорци. Ме бањаат со сила, а колку што повеќе плачам толку се посурови и поуверени дека сум луда. Зедов во рацете жилет и реков дека ќе се повредам ако не ме пуштат. Но, знаете докторе, јас сум суетна актерка и никогаш не би кренала рака на себе - напишала Мерилин.

По излегувањето од психијатарската болница, актерката се развела од Милер, а Димаџио останал покрај неа до нејзината смрт.

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

skopskaLinijabanerMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа