Надиа Меназ (24) во мај беше пронајдена мртва во својот стан во Манчестер.

nadia.1

Оваа позната манекенка извршила самоубиство со бесење само пет месеци откако добила судска пресуда според која на нејзиното традиционално муслиманско семејство му се забранува да ја присилат на однапред договорен брак.

Надиа со своето семејство од раѓање живеела во Велика Британија и на 16-годишна возраст го запознала Умар Расула, која ја вовлекол во манекенските води. Родителите не ја подржувале во кариерата поради што таа подпаднала во депресивна состојба и била склона кон самоповредување.

24-годишната манекенка се отселила од својот дом и во тајност започнала врска со Расула, а во 2011 година се венчале, почитувајќи ги сите муслимански обичаи.

nadia.1

Година дена подоцна добиле ќерка. Но родителите на манекенката се уште барале од неа да се омажи за човекот на кој уште од мали нозе му била ветена.

Минатата година во декември Надиа се обратила на британскиот суд бидејќи тамошниот закон ги штити жените во случај на присилно мажење. Во случајот против нејзиниот татко Хусеин и мајката Руксана Косуар и уште тројца од нејзините осум браќа и сестри, манекенката добила пресуда во своја корист.

- Целиот нејзин живот и секоја нејзина одлука никако не можев да ја сфатам, но кај неа никогаш не почувствував дека има било какви промени кои би ја натерале на вакво нешто. Мислам дека мојата ќерка е убиена - изјавил нејзиниот татко на суд.

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

skopskaLinijabanerMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа