Атрактивната манекенка Џиџи Хадид (19) на Инстаграм објави видео во кое ја гледаме нејзината реакција на веста дека ќе шета на пистата на најочекуваната ревија на годината.

Убавицата која се најде во центарот на вниманието кога беше објавено видео во кое се гледа како наводно консумира дрога, стана дел од "јатото" на Викторија Сикрет.

На видеото ја гледаме манекенката како чекори по пистата облечена во црна долна облека и го слушаме прашањето кое и е упатено неа: "Што правиш во ноември?".

Кога Џиџи одговори дека не знае, следеше новото прашање: "Зошто не ни се придружиш?".

Тимот кој го работеше кастингот на Инстаграм напиша: "И приредивме на Џиџи големо изненадување - стана ангел. Се гледаме на пистата Џиџи!".

anaNikolic

misoKovac

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа