Vip

Кели Брук е миленичка на ТВ камерите и фотоапаратите, а се испроба и како телевизиски презентер, актерка и модел. Кариерата ја започнала како модел на 16 години, кога победила на локално натпреварување за убавина.

Кели го привлече вниманието врз себе со своите бујни облини кои со задоволство ги истакнува во прв план. Поради тоа доби и значајни ангажмани со модни куќи специјализирани за долна облека и костими за капење. Кели веќе со години наназад ја носеше титулата на најсекси Британка, иако зад неа е борбата со по некој килограм вишок.

Нејзиниот приватен живот на медиумите им е подеднакво интересен како и нејзиниот изглед. Турбулентната врска со Дејвид Мекинтош беше тема во сите таблоиди, а љубовта за која многумина тврдеа дека ќе заврши со брак, беше завршена со јавни навреди и расправии. На листата на нејзините поранешни љубови се и Џејсон Стејтам и Дени Кипријану.

Она што на крајот од секоја година со нетрпение се очекува од Кели е нејзиниот годишен календар. Овие фотографии ќе ви покажат и зошто е тоа така.

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа

banerMasaMedo

AcaLukasIRadmila