Хуманитарниот работник Моунх Саратх (51) тврди дека славната холивудска актерка Анџелина Џоли во документите за посвојување на Медокс (15) од Камбоџа користела невистинити податоци. За да го забрза посвојувањето, во документите стои дека овој хуманитарен работник е татко на Медокс.

Анџелина го посвои Медокс во 2003 година.

- Лажев дека сум му татко за да се забрза постапката - тврди хуманитарниот работник според кого Медокс уште е негов син.

САД имаа строги закони за посвојување деца од Камбоџа поради превенција од трговија со луѓе.

Во документите што хуманитарниот работник ги пратил до медиумите пишува дека тој е татко на Медокс, но нема потврда дека Анџелина знаела за тоа.

milenium-baner

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа