Vip

Љубовта помеѓу принцот Хари и актерката Меган Маркл може да наиде на сериозни критики, откако нејзината полусестра, Саманта Грант, ќе ја објави книгата во која, според нејзините тврдења, ќе го разоткрие вистинското лице на Меган.

Саманта која има 52 години и боледува од мултиплекс склероза неодамна на Твитер откри некои интересни детали во врска со книгата.

- Можеби кога ќе биде позрела и ќе ја прочита книгата, ќе разбере што направила. Дефинитивно, некои од работите кои ќе ги прочита нема да ѝ се допаднат - напишала Саманта на својот профил.

Таа ја опишува својата полусестра Меган, како премногу нарцисоидна и себична личност која се грижи само за себе. Како што вели, таа уште како дете гледала разни програми поврзани со кралското семејство и сакала да стане принцеза, со намера да се искачи на највисоките нивоа на социјалната скала.

Саманта тврди дека Меган никогаш не се грижела за своето семејство, па затоа го прекинале контактот уште пред девет години, а сега преку нејзината книга, таа смета дека кралското семејство ќе биде шокирано од тоа како Меган се однесувала кон своите најблиски.

Но мора да напоменеме дека ваквите нејзини тврдења можеби се само нејзини завидливи и злобни лаги се со цел да го уништи животот на својата сестра и ништо повеќе од тоа.

Претходно од оваа категорија:

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа

banerMasaMedo

AcaLukasIRadmila