Раперот Шон Комбс попознат како П. Диди се најде среде скандал откако бил обвинет за сексуално злоставување. Имено, неговата поранешна готвачка Синди Руеда, во обвинението изјавила дека често била принудена да му служи на раперот и неговите гости, за време, или по нивните сексуални односи.

Рекла дека во една прилика Диди застанал гол пред неа и ја прашал дали и се допаѓа тоа што го гледа. Во следна прилика, еден од пријателите на раперот и пришол целосно гол и барал од неа да ги гледа и да им се восхитува на неговите гениталии.

Синди, освен за сексуално злоставување, го обвинила и за експлоатација, изјавувајќи дека работела од девет наутро до 2 и пол наутро за плата од 150 долари дневно.

Готвачката почнала да работи за него во јануари 2015-та година, а добила отказ во мај 2016.

Се огласил и портпаролот на раперот, кој рекол дека ова е несериозна тужба која ја поднела незадоволна поранешна вработена, која добила отказ со причина.

Претходно од оваа категорија:

skopskaLinijabanerMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа