Познатата пејачка Цеца беше уапсена во акцијата „Сабја“ и зад решетки помина околу шест месеци, а подоцна затворот ѝ беше заменет со куќен притвор.

- Како што поминувале деновите, така тежината на Цеца се намалуваше и постоеше опасност таа да умре од глад. Имавме една вага и кога застана на неа, Цеца имаше само 48 килограми - рекол чуварот во Централниот затвор во Белград за времето кога таму престојуваше најпопуларната пејачка Цеца Ражнатовиќ.

Тој вели дека на секаков начин се обидувал да ја разубеди Цеца да прекине со штрајкот со глад, првенствено поради нејзините деца. Таа го прекинала штрајкот дури откако ѝ се заканиле дека ќе ја префрлат во затворската болница.

- Инаку, Цеца беше речиси незабележителна, дисциплинирана и мирна. Не трошеше пари и не одеше во кантината. Чуварите ја обожаваа и ја гледаа додека се шеташе во дворот од затворот. Тоа не можевме да го спречиме - раскажува чуварот.

milenium-baner

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа