Плејбој зајачицата, 27. годишната убавица Ксенија Дели, на Инстаграм објави фотографии од забавата одржана по повод првата годишнина од нејзиниот брак со 63. годишниот сопруг, египетскиот бизнисмен и милионер Осама Фати Рабах Ал Шариф.

На фотографиите има се, освен нејзиниот сопруг.

Ксенија се омажи за Осама во јуни минатата година на Санторини, каде што била одржана раскошна церемонија со гитаристи во сала преполна со цвеќиња и балони. Но, оттогаш нејзиниот сопруг, кој инаку е претседател на Групата Адмирал, често го напуштал заедничкиот дом поради работа, а така било и на денот на нивната годишнина.

milioner-par1202

Ксенија се појави во многу престижни магази како FHM, GQ, Sports Illustrated, Vogue, Harpers Bazaar i Maxim, но најпозната во јавноста стана поради нејзиното појавување во спотот за песната „What Do You Mean” од мегапопуларниот пејач Џастин Бибер, како и поради гласините дека во тоа време била во врска со него.

Денес атрактивната манекенка на Инстаграм објави фотографии од првата годишнина од бракот на кои е – сама. За нејзините денови да не изгледаат како досегашните, Ксенија вели дека се обидува да остане бремена, но засега без успех.

milioner-par1202

Претходно од оваа категорија:

banner-zdravoMladi

piratiteOdKaribiteMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа