Крадецот кој во 2014 година влезе во домот на познатата актерка Сандра Булок, пред еден месец е осуден на пет години условна казна.

Меѓутоа, судот одлучил дека оваа казна не е доволна, па донел одлука разбојникот Џоушуа Корбет да се лекува во ментална установа.

Адвокатот на Сандра Булок ги споделил овие информации со јавноста, како и дека кај насилникот била пронајдена тетратка во која запишал што сакал да и прави на Сандра.

Наводно, тој имал намера да ја силува Сандра, која откако тој упаднал во куќата, се сокрила во тоалетот од каде што ја повикала полицијата.

Во јавноста излезе и аудиоснимката од моментот кога познатата актерка се јавува во полиција.

Претходно од оваа категорија:

banner-zdravoMladi

piratiteOdKaribiteMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа