Никол Кидман ги изненади своите обожаватели откако сними неколку насилни секс сцени во серијата Big Little Lies која се емитува на HBO.

Австралиската актерка пред некое време откри дека имала модринки по целото тело како резултат на бруталниот секс, а сега проговори и за емоционалниот товар, што и го донесе улогата.

- Се сеќавам дека лежев на подот, по долна облека откако бев злоупотребувана наоколу. Само лежев на подот. Не можев да станам. Не сакав да станам. Се сеќавам дека режисерот дојде до мене и ме покри...Се чувствував комплетно понижено и уништено. И многу луто - вели Кидман.

Австралиската актерка во серијата ја портретира пензионираната адвокатка, Селест Рајт, која е заробена во насилна врска со сопругот Пери.

Никол, која важи за голем професионалец, овој пат се скрши под притисокот.

- Дојдов дома и скршив една од стаклените врати. Очигледно држев многу бес поради тоа што се случи - додава таа.

zj 300x250-min

mileniumbanner21

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа