Јелена Розга ги изненади своите фанови откако на Инстаграм пред некој ден објави фотографија каде што главна атракција е нејзиниот преубав задник.

Особено затоа што таа отсекогаш важела за скромна девојка која не сака премногу приватно да се експонира во јавноста. Овој пат русокосата хрватска поп дива, позирала во едноделен костим за капење, а во преден план го ставила газето и така покажала дека и тоа како има со што да се пофали.

-Морето не е толку големо, ни длабоко... - стои во описот под фотографијата кој пејачката го ставила, а истиот всушност е цитат од песната: „Минут срца твог“.

Сите се прашуваат како на овие фотографии на преубавата сплиќанка ќе реагира нејзиното момче Стјепан Хаузер, кој за тоа време со својот партнер од „2Cellos“ беше на турнеја по Америка.

skopskaLinijabanerMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа