Vip

Бред Пит и Анџелина Џоли може и да не се разведат, тврди извор на американското списание US Weekly. Двајцата најавија разделба во септември 2016 година. Како причина за разводот се смета дека Пит често се расправал со децата и дури по време на приватен лет актерот посегнал на најголемото – 15-годишниот Медокс.

- Тие не направиле ништо за да го финализираат разводот и сите мислат дека и нема да го направат тоа - тврди изворот.

Причината била дека Џоли уште била вљубена во Пит. На крајот на јули, таа откри дека и се зголемил крвниот притисок и развила парализа на фацијалниот нерв по разделбата.

Во мај пак Пит отворено призна пред GQ дека во моментов не се чувствува добро и во последните неколку месеци се борел со доста свои пороци.

Односот на Бред Пит и Анџелина Џоли започнува уште во октомври 2005 година по завршувањето на снимањето на филмот „Господин и госпоѓа Смит“, во кој ги играат главните улоги. Нивните љубовни односи стануваат факт неколку месеци по разводот на актерот со неговата поранешна сопруга актерката Џенифер Анистон.

Пит и Џоли имаат речиси 10-годишна врска, пред да стапат во брак на Азурниот брег во Франција во 2015 година. Во меѓувреме семејството се проширува со 6 деца, 3 од кои се посвоени. Сите го носат презимето како на таткото, така и на мајката.

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа

banerMasaMedo

AcaLukasIRadmila