Американската телевизија „НВО“ понудила 250.000 долари на хакер, кој украл податоци за уште неприкажани епизоди од серијата „Игра на тронови“, во замена за неговотa потврда да закачи нова слична информација на интернет.

Специјализираното списание „Варајати“ примило копија од писмо од 27. јули, во кое се вели дека „НВО“ нуди да плати на хакерот 250.000 долари во биткоини.

Писмото било одговор на изјавата на сајбер криминалецот кој инсистирал да му биде платен откуп, како се заканил дека во спротивно ќе продолжи да закачува податоци за серијата на интернет.

- Сакаме рокот за плаќање да биде продолжен до една недела - се вели во пораката на компанијата.

Исплатата на откупот, компанијата планирала да го оформи како дел од програмата за материјално поттикнување на „бели хакери“. Така се нарекуваат компјутерски специјалисти, кои наоѓаат ранливи места во електронските мрежи, за да спречат сајбер напади.

zj 300x250-min

mileniumbanner21

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа