Vip

Веќе неколку дена низ светските но и нашите медиуми се шират гласини за разделбата на Шакира и фудбалерот на Барселона, Жерар Пике.

Гласините започнаа со фактот дека тие долго време не се видени заедно во јавност, па наводно нивната разделба била причина за избегнување на заедничко појавување.

Тие последен пат заедно се забележани на свадбата на Меси, а за веста најмногу шпекулираат шпанските медиуми кои тврдат дека имаат сигурни извори, блиски на парот, кои ја потврдуваат веста.

A post shared by Shakira (@shakira) on

Наводно, Шакира била таа која решила да стави крај на врската и се иселила од заедничкиот дом во Барселона каде живееја со нивните две деца.

Сепак, по неколку дена веста е демантирана. Имено, менаџерот на Шакира за магазинот „Хола“ изјавил дека сето тоа е лага. 

- Врската на Шакира и Жерар Пике е сѐ уште силна. Сѐ е исто - рекол тој.

Во изјавата е додадено и дека оние кои сакаат да му наштетат на фудбалерот, само шират лажни гласини, а причината за тоа можеби е поврзана со моменталната ситуација со Каталонија.

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа

banerMasaMedo

AcaLukasIRadmila