Vip

25. годишната манекенка и актерка Кара Делевин исто така го обвини филмскиот продуцент Харви Вајнштајн дека се обидел да посегне сексуално кон неа, по деловна средба за филм.

 Имено, супермоделот тврди уште дека првично добила „крајно непријатен повик“ од страна на продуцентот, во кое тој и поставувал прашања за нејзината сексуалност и ја предупредил дека ако одлучи да ја демонстрира својата хомосексуалност, тогаш ќе треба да се збогува со амбициите да се пробие во Холивуд.

- Тој ми кажа дека ако сум лезбејка или одлучам да имам јавна врска со жена, тогаш повеќе никогаш нема да ми биде понудена улога на хетеросексуална жена и нема да се пробијам во Холивуд - вели Делевин.

Според неа, година или две подоцна повторно се судрила со Вајнштајн, откако добила покана за деловна средба во лобито на хотелот со него и еден филмски режисер.

Ѕвездата тврди дека веднаш штом таа и продуцентот останале сами, Вајнштајн почнал да се фали како ги „создал кариерите“ на многу актерки, откако спиел со нив. Тој упатил покана и кон неа да се качи во неговата хотелска соба, на која таа првично одбила, но била разуверена од неговата асистентка.

- Се чувствував ужасно беспомошно. Беше ужасно - се сеќава актерката која издава уште дека во својата соба Вајнштајн веќе поканил друга жена, со која сакал Делевин да се бакнува „како дел од аудицијата“.

Актерката од „Suicide Squad“ тогаш инсистирала дека е подобра во пеење и откако ја испеала песната посакала веднаш да си замине. Сепак, Вајнштајн не се откажал, и тој самиот се обидел да ја бакне.

- Ми беше толку непријатно да зборувам... Не сакав да наштетам на неговото семејство. Се чувствував виновна, како да сум направила нешто лошо - додаде таа.

- Во секоја индустрија и особено во Холивуд, мажите ја злоупотребуваат моќта, користејќи го стравот, и се извлекуваат од стореното неказнето - вели Делевин, додавајќи дека секој кој брани слични злоупотреби е „дел од проблемот“.

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа

banerMasaMedo

AcaLukasIRadmila