Пејачот Тони Цетински неодамна прегази човек во тешка сообраќајна несреќа. Тој се уште не може да се опорави од целата ситуација која за него е мошне тешка.

И покрај се реши да собере сила и да излезе во јавноста со неговата исповед за настанот.

Цетински не присуствуваше на погребот на 62-годишниот Ибрахим Кевљанин, па затоа ја објасни причината за тоа.

- Размислував дали да отидам, но не собрав сила. Не можам. Скршен сум. Не сум ниту во Ровињ, ниту во Истра, не сум добро. Очигледно тој момент судбински бил наменет, токму тогаш јас да поминам од таму. Не посакувам никому да му се случи она што ми се случи мене. Цел живот имам страв од автомобили, затоа што тие се нешто кое човекот само мисли дека го контролира. Не знам како повторно ќе излезам на сцена, но нема друго. Морам да пробам да одам понатаму, морам да живеам и да се занимавам со оваа работа - призна тој.

Претходно од оваа категорија:

skopskaLinijabanerMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа