Учењето на втор јазик има низа когнитивни, здравствени и едукативни придобивки. Го размрдува развојот на мозокот, штити од деменција и помага во подобрување на концентрацијата.

Постојат два главни дијалекти во кинескиот јазик, и тоа мандарински и кантонски, а дури една милијарда од говорителите го користат мандаринскиот. Самите бројки докажуваат дека јазикот ќе биде важен за бизнисот во иднина.

Мандаринскиот јазик е најжешкиот тренд во моментов и кај богатите семејства. 

Еве кои од нив се одлучија на ваков чекор:

Џеф и МекКензи Безос

Основачот на Амазон и неговата сопруга имаат четири деца. Тие експериментираат со многу различни начини на едукација на децата. Меѓу разните курсеви, тие посетуваат и часови по мандарински јазик.

zoshto-milijarderite-i-aristokratite-gi-uchat-svoite-deca-mandarinski-jazik-02

Марк Закерберг и Присила Чан

Основачот на Фејсбук пред неколку години започна со изучување на мандаринскиот јазик и се усоврши толку што стана способен да води 30-минутни сесии со прашања и одговори на овој јазик. Неговата сопруга Присила е ќерка на кинески бегалци во Виетнам и течно зборува кантонски. Двојката веќе започна со подучување на мандарински јазик на нивната ќерка.

zoshto-milijarderite-i-aristokratite-gi-uchat-svoite-deca-mandarinski-jazik-03

Иванка Трамп и Џаред Кушнер

Парот има три деца и ангажираше дадилка што зборува мандарински за да го внесат јазикот во домот. Нивните три деца, особено 5-годишната ќерка Арабела веќе ги знаат основите.

zoshto-milijarderite-i-aristokratite-gi-uchat-svoite-deca-mandarinski-jazik-03

Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон

Кралската двојка има две деца и третото е на пат. Нинвиот најстар син, 4-годишнито принц Џорџ, во едно лондонско училиште ќе го изучува мандаринскиот јазик.

Пред неколку години и принцот Вилијам на мандарински јазик и посака на Кина среќна нова година на мандарински јазик.

zoshto-milijarderite-i-aristokratite-gi-uchat-svoite-deca-mandarinski-jazik-04

Претходно од оваа категорија:

skopskaLinijabanerMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа