По Џулијана Маргулис и Џени Меккарти, и  актерката Порша де Роси во објава на Твитер, тврди дека била цел на сексуално вознемирување од страна на Стивен Сигал.

- Мојата последна аудиција за филм со Стивен Сигал се одржа во неговиот кабинет. Тој ми рече дека е важно да има хемија меѓу актерите и зад камерите. Потоа ги откопча кожените панталони. Јас истрчав надвор и го повикав мојот агент - напиша Де Роси.

Глумицата не го открива филмот, за којшто била на аудиција, како ни годината.

Таа инаку е во брак со ТВ водителката Елен Деџенерис, којашто пак, под објавата прокоментира - Се гордеам со мојата сопруга.

Менаџерот на Стивен Сегал изјави дека 65-годишниот актер не сака да ги коментира овие обвинувања.

Претходно од оваа категорија:

skopskaLinijabanerMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа