Ангелот на Victoria’s Secret пред 5 месеци започна врска со турскиот писател Метин Хара. Таа на својот Instagram профил постави заедничка слика од нив и му посвети емотивна порака со кои покрена лавина сомневања околу врската.

- Точно пред 5 месеци го запознав него и ја пронајдов љубовта. Почеток на новиот почеток, напиша супермоделот, а дел од нејзините фанови ја запрашаа дали со овој потег најавува свадба.

A post shared by Adriana Lima (@adrianalima) on

Од друга страна, Метин Хара исто така објави слика од својата поубава половина, а текстот под неа наговестува дека фановите на Лима се во право.


- Во бесконечниот мрачен универзум, моја клетва е да бидам дете кое се плаши од ноќта. Во моментот кога ги здогледав твоите очи, одлучив да се борам со бесконечната празнина. Додека мирно спиеш љубов моја, јас ќе се борам со секој кошмар кој ти го имаш. Додека се разбудиш во мир, додека ние станеме семејство - напиша тој на сликата од моделот која ја стави на својот Instagram профил.

A post shared by Metin Hara (@metinhara) on

Претходно од оваа категорија:

skopskaLinijabanerMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа