Vip

Ангелот на Викторија Сикрет не дозволи нејзината љубов со Метин Хара да биде оцрнета, па веднаш по шпекулациите дека нивната љубов е само трач на жолатата штампа, објави фотографија каде го побива тоа.

Имено, учителот по неконвенционална медицина и писател Метин Хара го освои срцето на бразилската убавица која минатото лето го поминала во неговата родна Турција.

Само за потсетување, по разводот од српскиот кошаркар Марко Јариќ во 2014 година, со кој има и две ќерки, Адриана ја поврзуваа со неколкумина мажи – актерот Скот Иствуд, водителот и продуцент Рајан Сикрест, но и Џулијан Еделман, рагби играч и Мет Харви.

Како што се шпекулира, Лима го оставила Мет за Џулијан, а потоа раскинала и со Еделман, по што пронашла утеха во 35-годишниот турски писател.

Самиот Хара ја потврдил врската во турските медиуми, но јавноста почнала да шпекулира дека станува збор исклучиво за претстава, поточно за промовирање на работата на Метин. Наводно, манекенката му должела услуга на нивен заеднички пријател од Турција, продуцент кој сака да ја зајакне неговата кариера.

И покрај гласините, парот и понатаму објавува заеднички фотографии, а убавата Бразилка вчера на Инстаграм објавила и фотографија од нивниот бакнеж.

A post shared by Adriana Lima (@adrianalima) on

“Магијата трае, те сакам” - напишала Лима под фотографијата.

Метин не присуствувал на ревијата на Викторија Сикрет во Шангај, но се чини дека страста помеѓу нив е вистинска.

Претходно од оваа категорија:

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа

banerMasaMedo

AcaLukasIRadmila