Vip

Холивудската актерка Гвинет Палтроу, е една од жените кои имале непријатна средба со сексуалниот предатор, продуцентот Харви Вајнстин и успеале да се спасат.

Иако никогаш немала односи со него, Палтроу неодамна открила дека Вајнстин го користел нејзиното име за да намами други жени да спијат со него.

-Тој не е првата личност која лажела дека спиела со некого, но тој го користел тоа како оружје за друго сексуално малтретирање - изјави Палтроу.

Актерката зборувала со неколку жени кои имале вознемирувачки ситуации со Вајнстин и дознала дека тој ги убедувал на секс со него со изговор дека и Гвинет го направила истото. Една од жените дури видела фотографии од актерката во собата на продуцентот.

Кариерата на Вајнстин тргна кон удолница откако Times и Тhe New Yorker ја објавија веста дека со години сексуално малтретирал и силувал жени, и никој не можел да му се спротивстави бидејќи жртвите се плашеле дека ќе им го уништи животот и кариерата во Холивуд.

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа

banerMasaMedo

AcaLukasIRadmila