Ѕвездата на „Игра на тронови“, Кит Харингтон, се најде во центарот на вниманието изминатиот викенд, откако беше снимен пијан во бар.

Актерот почнал да се однесува грубо со посетителите во барот, од каде што било побарано неколку пати да си замине а чуварите биле многу потолерантни со него отколку со другите клиенти.

Кит Харингтон удирал по маса за билијард, ги фрлал топчињата и се расправал со сосема непознати луѓе околу него. Од ѕвездата било учтиво побарано неколку пати да го напушти локалот и откако изгледало дека се е завршено, бидејќи „владетелот на северот“ си заминал без посериозен инцидент.

Но, сепак подоцна се вратил и продолжил да се расправа со останатите посетители.

Откако станало јасно дека актерот не бил во можност да се контролира, морало да биде извлечен на сила од чуварот на објектот.

anaNikolic

misoKovac

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа