Откако една актерка пред неколку месеци го обвинила својот познат колега, неколку колешки продолжуваат да откриваат шокантни детали за соработката со Џејмс Франко.

Сара Титер Каплан тврди дека во текот на снимањето на секс сцена, Франко се однесувал непрофесионално и ги поминал границите.

Таа тврди дека снимала сцена со оргија со Франко и уште неколку актерки и дека тој, кога дошла на ред за снимање сцената во која тој орално ја задоволува, ја тргнал пластичната заштита која актерите ја носат на гениталиите при снимањето на такви сцени, и продолжил да снима и работи по свое.

Сега вели дека мислела дека мора да молчи за нејзината кариера да не тргне по надолен пат.

По сите обвиненија се огласил и Франко, кој тврди дека ниедна од тие информации не е вистинита и дека неговиот правен тим ќе реагира.

Се почнало само ден откако Франко освоил Златен глобус. Тој го предизвикал бесот кај Сара Титер Каплан, затоа што актерот ја поддржал еднаквоста на половите и борбата против сексуалното злоставување, а според актерката, тој кон своите колешки се однесува тотално поразлично.

- Еј Џејмс Франко, го носеше тој убав беџ на доделувањата на Златните глобуси. Се сеќаваш ли дека пред неколку недели ми кажа дека мојата целосна голотија, на која ме натера во два твои филмови за 100 долари на ден, не е злоставување бидејќи потпишав договор? На тоа истече времето! - напишала актерката и комичарка Сара Титер Каплан.

Поддршка добила и од актерката Вајолет Пејли.

- Добар беџ Франко. Се сеќаваш ли кога во автомобилот ја турна мојата глава кон твојот пенис, или кога ја покани мојата пријателка во хотел иако имаше само 17 години - напишала Вајолет на Твитер.

anaNikolic

misoKovac

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа