Познатиот модел Кејт Аптон откри дека била сексуално вознемирувана од страна на ко-основачот на Guess, Паул Марчиано, но дури сега собрала храброст јавно да го каже тоа.

- Разочарувачки е тоа што женски бренд како Guess се уште е претставуван од Пол Марчиано како негов креативен директор - напиша 25-годишниот модел на својот Twitter профил.

Имено, Кејт даде моќно интервју за Time објаснувајќи дека нејзиното злоставување од страна на Марчиано започнало кога таа ја наполнила својата осумнаесетта година и кажа дека нема да дозволи Пол да ја заплашува повеќе.

Во интервјуто таа го опишува својот прв ден од кампањата за долна облека на Guess.

- Пол Марчиано рече дека сака да се сретне со мене. Штом влегов кај фотографот Ју Цаи, Пол дојде до мене и насилно ги грабна моите гради. Откако го тргнав од себе, тој само кажа дека сега е сигурен дека се вистински. И покрај тоа што направив буквално се за да го избегнам неговиот допир во текот на средбата, тој продолжи да ме допира на груб и доминантен начин. Бев многу вознемирена и исплашена.

A post shared by Kate Upton (@kateupton) on

Освен тоа Аптон тврди дека Марчиано инсистирал да ја однесе во својата хотелска соба, на што фотографот интервенирал.

На обвиненијата се огласи и ко-основачот на Guess кој тврди дека обвинението е неточно.

- Никогаш не сум останал сам со моделот. Не сум ја допрел несоодветно ниту пак сум се однесувал кон неа на навредлив начин. Целосно го поддржувам движењето на #MeToo, но во исто време нема да дозволам други да ме обесчестат или да и наштетат на мојата репутација. Ветив на Guess и одборот на директори дека од моја страна ќе има потполна поддршка и соработка за фер и непристрасна истрага - тврди ко-основачот Марчиано.

A post shared by Kate Upton (@kateupton) on

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа