Ренди Фаулер, постариот брат на Кевин Спејси, деновиве ја промовираше својата книга во која ги опишува тешките и трауматични настани од детството и открива дека со години бил сексуално малтретиран од татка си.

- Целиот живот мислев дека го штитам Кевин од нашиот монструозен татко кого го нарекувам суштество, ама се утврди дека тој е полош од него - напишал Ренди во книгата.

- Седел на својот трон и ги искористувал луѓето со својата моќ и парите што ги имал. Слушнав дека се пријавил во клиника за одвикнување од сексуална зависност. Мислам дека е во погрешна зграда – работата е многу посериозна од сексуална зависност - рекол Ренди во интервју по промоцијата на книгата.

Тој раскажал дека злоупотребата почнала кога имал 14 години.

- Се случуваше 2-3 пати во неделата. Не знам дали му го правеше тоа и на Кевин. Одамна е, а тој никогаш не зборувал за тоа - вели Ренди.

Тој дури и се обидел да го убие татка си, седел скриен во плакарот со пиштол, но татко му не го отворил плакарот. Тврди дека би го направил тоа поради лошата психичка состојба во која се наоѓал. Бил психички растроен.

- Ја напишав оваа книга за да му покажам на светот како сексуалното малтретирање влијае на децата. Што се однесува до Кевин, би сакал да разговараме пак, да ми се јави - додал Ренди.

anaNikolic

misoKovac

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа