gototop
porn-set-condomЗа многумина не е тајна дека порно филмовите изобилуваат со глума исто како и другите филмови, но со што сè се соочени глумците во еден порно филм?

Маратонски секс - Сосема вообичаено во порничите е да се има маратонски секс од два часа. За оние коишто вежбаат тантрички секс можеби не е ништо особено, но за порно глумците тоа значи нешто сосема друго. Првите тоа го прават дома, интимно, а вторите тоа го прават пред околу 20 луѓе со микрофони, камери и рефлектори. Кој е пофраер а?

Кондоми? Ретко - Речиси никогаш нема сигурен секс во порно филмовите. Според alternet.org само една порнографска куќа бара од глумците да користат презервативи. Сите останати се вадат на фактот дека мажите не сакаат да гледаат кондоми за време на сексот, бидејќи тоа им ја уништува имагинацијата. Сигурен секс, само на реклами.

Проблеми со ерекција најчесто глумците немаат, сепак се тоа професионалци. Но, понекогаш некои од нив сепак не успеваат да го издржат темпото па пијат вијагра и слични сретства за да ја одржат долгата ерекција.

Митот дека е забавно постои отсекогаш. Сепак, порно глумците иако добро заработуваат, треба само да видите како снимаат и да бидете сигурни дека таму нема ништо забавно. Тие мораат да изгледаат совршено за време на сексот, да ги бркаат кадрите коишто режисерот ги бара, да одржат ерекција и да се прават дека камерите не постојат. Само вие обидете се.

porn-setКако да се најде работа - Глумците немаат претпријатие, ниту синдикат. Тие мораат да се потпрат на личните менаџерски способности за да дојдат до добра улога и добар филм, ако сакаат добро да заработат. Па следниот пат кога ќе видите некоја девојка како „ужива“ во секс сцената, бидете сигурни дека е вистина. Ужива дека има нова улога со којашто ќе ја плати киријата следните три месеци.

И оргазмот е дел од глумата - Не е тајна дека има вистински девојки коишто уживаат во сексот пред камера и немаат проблем да доживеат оргазам. Но не се сите исти. Некои од нив, навистина би требало да добијат оскар за глумата и за тоа колку реално изгледа кога лажираат оргазам.

Парови во филмовите, ретко се и парови во реалноста. Најчесто глумците се запознаваат неколку часа пред снимањето и потоа може и никогаш повторно да не се видат. Многу малку се случаите каде што партнерот пред камера подоцна станал животен партнер.

Па, ако сè уште сметате дека сте вие човекот којшто е „печен“ за порно глумец, навистина не нè сфаќате сериозно со овој текст, а треба.

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

Додај коментар


Мачор во чвор
kolumni

Игри

Следете нè на

facebook
twitter youtube rss
email