Оскаровецот Кејси Афлек нема да биде водител на овогодинешната церемонија на доделување на Оскари, поради обвиненија за сексуално вознемирување - oткри гласноговорникот на доделувањето на овие престижни филмски награди.

Неговата порпаролка ја потврди веста дека Афлек нема да биде дел од овогодинешната церемонија, која е закажана за 4 март во Лос Анџелес, но одби да дава други коментари.

Помладиот брат на Бен Афлек се соочи со обвиненија за сексуално вознемирување пред доделувањето на Оскарите во 2010 година.

Тогаш за сексуално вознемирување го обвинија две жени од филмската екипа, но обвиненијата беа решени со договор надвор од судот.

Адвокатот на Кејси Афлек тогаш ги отфрли обвиненијата.

Претходно од оваа категорија:

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа