Петок, 04 Март 2011 15:10
По повод 1 година од постоење на All Together Distro вечерва се организира голем хуманитарен концерт кој ќе се одржува во клуб Кастро со почеток во 19:30 часот. Клубот, бендовите и Аll Together Distro нема да земат никаков процент од овој настан. Во соработка со Црвен крст парите ќе бидат донирани во ОУ „Драга Стојановска“ (од неодамна „Алија Авдовиќ“) во село Елово. Децата учат во 3 училници и се греат на буре. Навистина им е потребна наша и ваша помош. Собраните средства ќе се употребат за купување на нов училишен прибор (тетратки, ранци, боенки, боици...), облека, играчки и реновирање на училниците.
All Together Distro се заблагодарува пред сè на Пеце кој без никаков проблем им го препуштил клубот за да се одржи овој настан, исто така до сите бендови кои го поддржувале All Together Distro оваа година и кои бле тука за нив во секое време. Публиката е важен фактор за сцената и Аll Together Distro бидејќи тие ја даваат најголемата поддршка.
Сите кои имаат стара облека, играчки, ќебиња... кои не им се потребни, можат да ги донесат во клуб Кастро, а истите ќе бидат донирани во хуманитарни цели.
Бендови кои ќе свират на овој концерт се:
1. BERNAYS PROPAGANDA
2. ФЛУКС
www.reverbnation.com/fluks
3. SCREAMING FOR CHANGE
4. FURION
5. BETTER DECISION
6. FITZ
7. MINDLESS VIOLENCE
8. OUTLAW
Влез: 150 ден
Почеток: 19:30
Место: Клуб Кастро
Бркајработа.мк им посакува на All Together Distro да продолжат со успешната работа и овој концерт да им премине во традиција.
За крај едно мало потсетување кои се All Together Distro.
По повод една година од постоење на All Together Distro вечерва се организира голем хуманитарен концерт кој ќе се одржува во клуб Кастро со почеток во 19:30 часот.