gototop

shvaleri-02Дами и господа, денес решивме да ви претставиме еден интересен скопски бенд со ептен иновативно име. Ви ги претставуваме ШВАЛЕРИ!

Бендот свири поп-рок и настапува во скопските клубови коишто практикуваат живи свирки. Швалерите и едната швалерка се во овој состав: Димитар Стефановски (Соло гитара), Даниел Шилев (Ритам гитара), Кристијан Лафазановски (Тапани), Јордан Георгиевски (Бас гитара) и Јована Крстевска (Вокал).

Б.Р. За почеток, едно вообичаено прашање, како настана бендот и кој е основач?

Швалери: Бендот настана по иницијатива на Димитар Стефановски (соло гитара и фронтмен во бендот), Даниел Шилев (ритам гитара ) и Кристијан Лафазановски (тапани). Сакавме да направиме еден рок бенд со добро избрани членови и тоа и го сторивме. Постоиме околу двеипол години, меѓутоа сменивме неколку членови сè додека не најдовме состав со кој што постоиме околу два ипол месеци. За овој релативно краток временски период снимавме шест песни додека другите се доработуваат за да го склопиме нашот деби албум.

Б.Р. Како го дефинирате вашиот музички израз?

Швалери: Швалери свират рок музика и имаат тешки балади коишто допираат до сите луѓе што се разочарани од љубовта или пак неа ја бараат но не можат да ја најдат како и брзи и интерсни песни...

Б.Р. Како и секој музичар, сигурно и вие си имате свои идоли. Кои светски артисти беа најинспиративни за вашата музика?

shvaleri-01Швалери: Нашите омилени бендови и изведувачи се: Iron Maiden, Deep Purple, Aerosmith, The Beatles, Azra, а на Димитар омилина пејачка му е Елена Ристевска.

Б.Р. Сите знаеме колку е тешко да станеш популарен во нашава држава. Имате ли веќе разработена стратегија за поагресивно пробивање на домашната сцена ?

Швалери: Немаме моментално никаква стратегија. Само ги следиме инстиктите за некои работи што мислиме дека се паметни. Нашата задача е да правиме песни, да се претставиме во најдобро светло, да ја развеселиме публиката. Другото го оставаме на луѓето и што тие сакаат да не слушаат.

Б.Р. Во моментов сте во изработка на вашиот прв албум. Како течеа подготовките и колку време се приготвувавте за изработка на албумот?

Швалери: Нашите подготовки се случуваа во гаражата на Јордан Георгиевски. Активно вежбавме секој ден по неколку часови за да се утврди материјалот. А албумот го снимивме за релативно кратко време од три дена.

Б.Р. Најважни за промоција на музичарите се фестивалите. Дали сте настапувале на некој фестивал/концерт?

Швалери: Сме настапувале на помали фестивали: Победивме во финалето на Total Demo-fest коешто се одржа на 28-ми јануари во клубот Хавана (благодарност до сите кои дојдоа и нè поддржаа) и на Rock Fest којшто треба да се одржи во блиска иднина.

Б.Р. Дали сте во план да изработитете некаков спот?

shvaleri-02Швалери: Да да, во план ни е да изработиме спот за една повесела песна. Спотот ќе се снима во Центар, во Скопје, и изгледа ќе бидеме првите што ќе снимаат на таа локација со нов изглед.

Б.Р. Имате интересно име... ШВАЛЕРИ. Дали сте навистина Швалери ?

Швалери: Дали сме вистински Швалери??? Хмм... Па не би сакале сеа да се издадеме за тие работи. Зошто? Хаха, па може да се случи некој конфликт, хахаха.

Б.Р. И на крај кажете нешто за читателите на Бркај Работа.

Сите читатели на Бркај Работа имаат голем поздрав од сите нас од бендот и би сакале што повеќе луѓе да го видат ова интервју.

Фото: Теа Модерна

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

Додај коментар


Мачор во чвор
kolumni

Игри

Следете нè на

facebook
twitter youtube rss
email