Индијана изгледа нема никаков респект кон Леброн и Вејд, па откако Крис Бош се повреди, тие сфатија дека го имаат Мајами в џеб. Вчера во Индијанополис тие победија со речиси 20 разлика, 94-75.
Кевин Дурант е најзаслужен за победата на Оклахома од два поени над Лос Анџелес Лејкерс, синоќа во Чизапик енерџи арената во Оклахома сити. Тандер победи во интересен финиш со 77-75.
Ливерпул сезонава има најслаб пласман во последните 18 години. Црвените завршија на осмото место и тоа беше сосема доволна причина газдите на клубот да му ја покажат вратата на Кени Далглиш.
„Смешки живи“ - така може да се оцени натпреварот кој завчера го играа Фортуна Дизелдорф и Херта Берлин кој одлучуваше кој ќе има прволигашки статус следната сезона.
Лукас Подолски којшто потпиша за Арсенал и од следната година ќе игра во Лондон на Емирати стадионот, неодамна направи серија фотографии со коишто покажа како вистински изгледа во дресот на Арсенал.
Карлос Тевез дефинитвно е „отиден“. На парадата на Манчестер Сити низ улиците на градот по повод освојувањеѕо на титулата, Тевез извади натпис на којшто пишува „Почивај во мир Ферги“, мислејќи секако на Алекс Фергусон, менаџерот на Манчестер Јунајтед.
Оклахома Тандер во првиот натпревар од второто коло во плејофот на НБА го победи Лос Анџелес Лејкерс на домашен терен со 119 - 90. Со тоа Оклахома поведе во серијата со 1-0.
Филипо Инзаги, Алесандро Неста, Џенаро Гатузо и Џанлука Замброта се простија од дресот на Милан по завршувањето на вчерашниот меч против Новара кој беше последен за оваа сезона во Серија А.
Олимпијакос Пиреја за кого настапува македонскиот репрезентативец Перо Антиќ ја освои Евролигата откако вчера во Истанбул, во финалето од фајнлфорот ја победи ЦСКА Москва со 62-61.