Во сенка на бавното опоравување на Михаел Шумахер се одвива уште една борба за живот на Формула 1 возач. Станува збор за Французинот Жил Бјанки кој и натаму е во кома.

За потсетување, возачот на Марусија доживеа тешка несреќа на патеката „Сузука“ во Јапонија и за жал, пет месеци подоцна неговата здравствена состојба и натаму е без промени.

Иако сè уште нема никакви официјални информации за состојбата на Бјанки германскиот весник „Билд“ пишува дека Французинот и натаму е во кома.

Според весникот шансите за опоравување на возачот се сè помали. Наводно ерманските доктори тврдат дека шансите за опоравување на 25-годишниот Формула 1 возач се сведени на ниво на чудо.

Инаку, пред три месеци ФИА после спроведената истрата утврди дека Французинот не забавил доволно на тој дел од патеката по што следуваше тежок удар во мобилната дигалка кој доведе до тешки повреди на неговата глава.

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

anaNikolic

misoKovac

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа