Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон е најбогатиот спортист во Велика Британија, покажа истражувањето на магазинот "Сандеј Тајмс".

Богатството на Хамилтон, кој минатата година ја освои втората титула во Формула 1, се проценува на 88 милиони фунти a само минатата година Формула 1 возачот заработи 20 милиони фунти.

Втор на листата е фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни, со богатство од 72 милиони фунти, додека на третото место е уште еден Ф1 возач, Џенсон Батон, чие богатство изнесува 71 милион фунти.

Зад овие тројца на листата следуваат Енди Мареј (48 милиони), Рио Фердинанд (44), Стивен Џерард (42), Луол Денг (40), Жозе Мурињо (40) и Френк Лампард (39).

 

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

anaNikolic

misoKovac

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа