Стартот на европската сезона, традиционално е познат по првиот голем пакет на надградби на болидите но сепак Маурицио Аривабене припрема изненадувачки пакет со надградби за Шпанското Гранд При.

Иако се свесни дека и Мерцедес ќе стартува со изменети делови, Аривабене нема да прави притисок кон тимот по секоја цена да ги промовираат сите нови делови.

- Велат доста тимови воведуваат новитети.  Како и сите и ние спремаме нови решенија за Барселона. Не би сакал пред време да зборувам и да ги кажувам моите очекувања. Развојот го правиме чекор по чекор и не брзаме нигде но мислим дека во Барселона ќе прикажеме добар пакет - вели Аривабене.

Ферари имаше одличен старт сезонава со една победа во Малезија и второ место за Кими Раиконен во Бахреин кој беше доста блиску до Хамилтон.

 

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

anaNikolic

misoKovac

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа