Специјализираната веб страница за пливање „Свимсвам“ во текст со наслов „Анастасија од Македон“ упати голем број на пофални зборови кон најдобрата македонска пливачка Анастасија Богдановски.

bogdanovski.01

Три рекорди на Македонија, седум лични, шест рекорди на Универзитетот во 21. трка за само 12 дена е билансот на успех на Македонката, НЦАА-пливачка на годината, студентското национално првенство на САД.

Родена во Њујорк, од родители по потекло од Скопје и Велес таа денеска стана најдобра македонска репрезентативка.

Сака да студира спортска медицина или ортопедија и во моменов тренира во клубот Норт Балтимор.

- Во толку голем клуб, со толку многу брзи луѓе секогаш има некого кого се обидуваш да го достигнеш - вели Ана.

Нејзина наредна цел се Олимписките игри. Иако на пливачите им следува вајлд-карта, таа сака да оствари норма за Рио 2016.

Целиот текст може да го прочитате овде

ana-o1

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

zj 300x250-min

mileniumbanner21

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа