Барселона го победи тимот на Хоспиталет со 9-0 во рамките на Копа Дел Реј. Барса имаше предност од 1-0 во првиот натпревар, па со вкупни 10-0 продолжува понатаму.
Хоспиталет е тим од Каталонија којшто се натпреварува во третата шпанска лига, па ваков резултат е очекуван. Иако Барселона играше со ослабен состав, фановите на овој клуб воопшто не се пожалија од голеадата на Камп Ноу.
Головите ги постигнаа дури шест различни играчи. По два постигнаа Куенка, Тело и Алкантара, а по еден Хернандез, Родригез и Иниеста којшто го даде вториот гол на натпреварот. Од првиот состав настапија и Чави, Фабрегас, Пујол и Пике.
В.Н. | бркајработа
