
Тукушто се смирија страстите околу неодамнешното Ел Класико на Сантијаго Бернабеу во кое Каталонците ги победија Кралевите со 1:3, во Мадрид кружат гласини за двомеч на Реал и Барса во четвртфиналето на Купот.
Со ждрепка е одлучено дека во осминафиналето ќе се судрат Реал-Малага и Барселона-Осасуна, а веќе во следниот меч - победниците од претходните два.
Ако не дојде до ненадејни пресврти, Реал и Барса првиот меч го играат на 18, а реваншот на 25 јануари.
Останатите парови од осминафиналето се: Кордоба-Еспањол, Мирандес-Рејсинг Сантандер, Албасет-Атлетик Билбао, Сосиедад-Мајорка, Валенсија-Севиља и Алкоркон-Леванте.
E.П | бркај работа
