Меси се почести себе си со четири голови во дуелот против Валенсија вчера по повод неговиот јубилеен 200 натпревар во дресот на првиот тим на Барселона.Да бидеме искрени, Хернандез навистина не мораше да го постигне петтиот гол за Барселона во победата против Валенсија од 5-1, бидејќи семафорот изгледаше прекрасно за сите фанови на Барселона испишан само со името на Лионел Меси.
Инаку, гостите поведоа на натпреварот преку Пабло Пиати уште во деветтата минута, но потоа Лео Меси реши малку да си поигра фудбал со противниците. Аргентинецот постигна четири голови, а имаше шанса да постигне најмалку уште еден, но, еднаш ја погоди пречката, а еднаш му беше свирен офсајд.
Валенсија е трета на табелата, а Барселона сè уште не ја губи надежта за првото место.
В.Н. | бркајработа
