torres-scores-vs-liecesterЦелата светска фудбалска јавност е запрепастена од Шпанецот Фернандо Торес кој во неделата го прекина „постот“ и пред публиката на Стемфорд Бриџ се „омрси“ со дури два гола.

Инаку овој „грев“ на Шпанецот се случи во четврт-финалето од ФА Купот во натпревар во кој сините од Лондон го победија Лестер со 5:2, а голгетерот Торес по 25-часовен „пост“ постигна, не еден, туку цели два гола.

Моментите кои ќе се паметат вечно во историјата на овој спорт и кои ќе се пренесуваат со генерации се случуја во 67-та и 85-та минута од натпреварот. За среќа, не се остварија очекувањата за снежна бура по овој неверојатен настан.

В.Ш. | бркајработа

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

zj 300x250-min

mileniumbanner21

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа