Vip

apoel-real-0-3Апоел издржа цели 73 минути без да прими гол, но потоа за 15 минути успеа да прими дури три. Реал Мадрид среде Никозија победи со високи 3-0 и ја уништи секоја надеж за Иван Тричковски и навивачите на кипарскиот тим.

Бензема стрелаше прецизно по едно подавање од Кака и се извади за неверојатното промашување од самата гол линија во првото полувреме. Вториот гол го постигна Кака во 81-та минута, а третиот повторно Бензема.

Тимот на Реал Мадрид очекувано доминираше во текот на целиот натпревар и имаше посед на топката од 70%. Тричковски го одигра целиот натпревар, но без да остави особен впечаток, за разлика од неговиот соиграч Аилтон кој на два пати ја „шиеше“ одбраната на Реал и ги исмејуваше играчите на кралскиот клуб со своите потези. Сепак, сето тоа не придонесе да се загрози голот на Касиљас.

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа

banerMasaMedo

AcaLukasIRadmila